Професорот Тони Филипоски за „Пресинг ТВ“ изразува  научно-стручно мислење во врска со петте препораки за заедничко чествување на личности од нашето т.н. „заедничко“ средновековно минато. Притоа сакам да истакнам дека тоа го правам со чувство на висока научна етика, ослободен од било какви политички калкулации.

Ова се неговите забелешки за сите пет препораки:

– некомпетентност на македонскиот дел од Комисијата поради отсуство на барем еден историчар (експерт по медиевистика и византологија);

– неизоставно наведување и неприродно потенцирање во сите пет препораки на синтагмата „средновековна Бугарија“ или „средновековна бугарска држава“;

– намерно изоставување на терминот „СЛОВЕНИ“ и изведенките од него;

– намерен недостиг на историографско толкување на историските „голи“ факти и нивно наведување без неопходниот средновековен историски контекст;

– недостасува да се наведе дека почитувањето на култовите на словенските светци Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум било неспоредливо поприсутно и попроширено (и преку присуство на нивни фрески и икони) на просторот на градот Охрид и Македонија, одколку во градот Преслав и Бугарија, во текот на средновековието сѐ до XIX век;

– силно политичко влијание и забележливо „калкулантство“ со научната етика во работата на македонскиот дел од комисијата во полза на одредени политички цели.

СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

-недозволиво игнорирање на фактот дека сесловенските браќа потекнувале од византискиот политичко-дипломатски контекст;

– недозволиво изедначување на Преслав и Охрид, кога се работи за еднакво продолжување и негување на кирилометодиевските традиции. Средновековен Охрид и Македонија во голема мера предничеле во негување и продолжување на изворните кирилометодиевски традиции во споредба со Преслав и денешна Бугарија;

– Св. Кирил и Методиј на средновековни фрески/икони и во пишани ракописи се широко присутни на просторот на Охрид и Македонија, за разлика од Преслав и денешна Бугарија во текот на целит средновековен период и подоцна.

СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

-се избегнува да се спомене дека Св. Климент се занимавал со црковно-просветна активност на СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК;

– некритичко и сувопарно користење на „голи“ извори/факти, без соодветна медиевистичка научна анализа;

-теолошко-канонски е неприфатливо световното лица Симеон да го хиротониса црковното лице Климент за епископ;

-избегнување да се потенцира дека најстарата изворна титулација на Климент била „епископ словенски“/„епископ Велички“;

– не се наведува дека уметничкиот лик на Св. Климент претставен на фрески и икони, како доказ за почитување на неговиот светителски култ, бил континуирано присутен во Охрид и Македонија, за разлика од Преслав и Бугарија каде безмалку го нема, во текот на средновековието и подоцна до XIX век;

-избегнување да се наведе дека центар на климентовиот светителски култ од средновековието до денес е градот Охрид и големата дискепанца која постои во почитувањето на неговиот култ во историјата на Македонија и Бугарија;

– избегнување да се наведе дека тој е светец-заштитник на градот Охрид, воедно најзначајниот христијански светител на МПЦ-ОА и на православниот македонски народ.

СВ. НАУМ ОХРИДСКИ

-од научен аспект е спорно дека наводно „ТОЈ Е ЕДЕН ОД ОСНОВОПОЛОЖНИЦИТЕ НА ПЛИСКОВСКО-ПРЕСЛАВСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА“. Прво е спорно дали толку рано можела да се формира таква школа? Потоа не постојат релевантни изворни податоци за некаква евентуална просветителска активност на Св. Наум, што би резултирала со формирање на некаква Школа на просторот на денешна Бугарија;

– во 893 г. Симеон сеуште не бил бугарски цар;

– од научен аспект е спорно дека откако Св. Наум дошол во Охрид, тој ја продолжил просветителската дејност на Св. Климент во Охридската книжевна школа. Останува возможно двајцата (Св. Климент и Св. Наум) од 893 г., со обединети сили, понатаму  да продолжиле да ја развиваат Охридската книжевна школа? Расположливите изворни податоци се премногу контрадикторни за да може да се даде заклучок дека само Св. Наум (без св. Климент) продолжил да ја развива Охридската школа по 893 г.;

-се избегнува да се наведе дека Св. Наум се занимавал со црковно-просветна активност на СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК;

– не се наведува дека светецот Св. Наум Охридски бил доминантно уметнички присутен во форма на фрески и икони во градот Охрид и Македонија, за разлика од Преслав и Бугарија, каде безмалку го немало од средниот век до XIX .

ЦАР САМУИЛ

– целосно научно неиздржана е реченицата: „Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија.“ Анонимната „голема средновековна држава“ во светската историографија (медиевистика и византологија) е позната и именувана најмногу како САМУИЛОВА ДРЖАВА/ЦАРСТВО. Од непознати причини овој научно фундиран назив на државата е изоставен во Препораката. Но затоа тенденциозно е присутен и дури потенциран, веќе застарениот став, дека во „поголемиот дел од современата историска наука“ државата на Самуил „се смета за Бугарско царство“. На тој начин неуспешно се ралативизира, а всушност директно се прејудицира некава „средновековно етничка“ атрибуција на државата. За различните научни сфаќања и ставови за терминот „Бугари“ и изведенките од него во X и XI век, во нашата и светската медиевистика и византологија, веќе постојат значителен број објавени трудови. Во секој случај многу посовремени и понапредни од оние на кои веројатно се повикуваат македонските членови на Комисијата.

– Препораката е недозволиво сувопарна и куса, па поради тоа се чини намерно недостасуваат поголем број ноторни сознанија за Самуил и неговата држава;

– намерно се избегнува да се потенцира дека Самуил и неговата држава во суштина имале СЛОВЕНСКА АТРИБУЦИЈА.