Стручните комисии започна со разгледување на одбиените апликации од годишниот конкурс за проекти од културата. Доколку се утврдат недоследности, одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени а листата на поддржани проекти ќе биде дополнета велат од Министерството за култура.
Додека стручните службите работеа внатре, пред Министерството за култура се собраа дел од одбиените уметници. Најжестоки во реакциите беа членовите од Сојузот на ансамбли на Македонија велејќи дека албанските фолклорни друштва добиле речиси двојно повеќе државни пари за разлика од македонските.
Министерот Асаф Адеми, на чија одлука одбиените проекти повторно ќе се разгледуваат, рече дека доколку се утврдат недоследности во постапките, ќе понесе и политичка одговорност.
Разгледувањето на одбиените апликации следува по лавината на реакции во јавноста за направениот избор на добитниците на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година.
Comments are closed for this post.