Полицискиот час од 22 до 5 часот, кој истекуваше денеска, ќе продолжи да важи. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки.
Со Одлука на Владата, полицискиот час беше воведен на 10 март, а целта беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите кои интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, и по домови после затворањето на угостителските објекти, зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.
Комисијата за заразни болести и министерот Филипче очекуваат на почетокот од неделава резултати од полицискиот час воведен пред 12 дена, од кои ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки, а кои би значеле евентуално зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти.
Comments are closed for this post.