Од вчера во неколку општини започна пробното попишување за пописот кој треба да се спроведе во април следната година. Иако договор помеѓу власта и опозцијата нема, подготовките за негово спроведување наголемо течат.
Пробниот попис ќе се спроведе во Прилеп, Долнени, Кисела Вода, Зелениково, Гостивар, Кичево, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Куманово, Кратово и во Штип.
Опозицијата има големи забелешки за пописот кој ќе го спроведува Заводот за статистика, посебно во делот во кој ќе треба да бидат запишани и оние кои подолго време не живеат во Македонија.
Според предлог законот тие треба да бидат заведени на посебен список, откако нивните матични броеви кој ќе бидат дадени од најблиските ќе бидат проверени од попишувачите на лице место во базите на податоци.
Според власта, пописот е по стандардите и препораките на Евростат, додека опозицијата има забелешки.
Ѓоко Камчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ прашува што има европско во една статистичка операција како што е пописот за тој да се став со европско знаменце.
Пописот треба да ги даде правците како точно треба да се движи Република Македонија во наредните десет години. Сепак тоа е статистичка операција а не е политичка операција и треба да знаеме со колку жители има што живеат во Република Македонија, колку домаќинства има и сите оние статистички операции кои ќе бидат добиени а ќе служат за сите понатамошни чекори-изјави Камчев за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.