Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, останува во куќен притвор, по одлука на Кривичниот суд истиот да му биде продолжен за уште 30 дена.
Јакимовски пред еден месец беше уапсен како осомничен во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителството бараше да му биде одреден затворски притвор, но поради неговата здравствена состојба доби куќен притвор.
Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот. Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.
Comments are closed for this post.