Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење  основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик.

 

Од Основното јавно обвинителство информираат дека во текот на истрагата во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во координација со Министерството за внатрешни работи дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот не го сторил делото сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомниченото лице.

Осомничените, како што наведуваат, се лишени од слобода и јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи ќе достави предлог за определување на мерката притвор за двете лица