Судија на претходна постапка им определи 30 дневен притвор на двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, осомничени за организирање на упадот во Собранието на 27 април 2017-та година.
Адвокатот на Ристовски и Јанакиески најавува жалба на ваквата одлука.
Притвор е побаран и за екс премиерот Груевски, за кој ќе биде проширено барањето за екстрадиција.
Се очекува во текот на утрешниот ден до Собранието да биде доставено барање за одземање на пратеничкиот имунитет , на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
Comments are closed for this post.