Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за искрената словачка поддршка за македонските евроинтеграции и посочи дека нашиот пристапен процес започнува во критичен момент за европската безбедносна архитектура. Тој изрази очекување од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.