Во прилепската болница ќе се вработат 124 лица, медицински персонал кои досега работеа со договор на дело. Болницата доби согласност за нивното вработување од Министерството за финансии. Меѓу нив се и 21 општ лекар. Според првиот човек на прилепската болница, Кире Јоноски со ова во голем дел се надминува проблемот со медицинскиот персонал и значи градење во иднината.
-Добивме согласност за вработување од Министерството за финансии за сите 124 лица кои беа со договор. Огласите ќе бидат од утре. Значи, прилепската болница ќе добие 21 доктор, 49 медицински сестри и останат медицински работен кадар. Заедно со претходните осум специјализанти и лекарите кои ги трансформиравме од приватното во јавното здравство, значи само за оваа година ќе се вработат 30 општи лекари. Тоа е голема бројка. Освен што вложуваме во апаратура, вложуваме и во човечкиот потенцијал. Со тие 30 доктори имаме иднина, изјави Кире Јоноски, директор на Општа болница со проширена надлежност-Прилеп на денешната прес-конференција за донација за Болницата.
Во втора фаза ќе се вработат 10-тина специјализанти. Што се однесува до проблемот со бројот на специјалисти во одделенијата, како што рече, тоа е проблем како на другите јавни здравствени установи.
-Потребно е време лекарите да ја завршат специјализацијата. Затоа е битно што врабтивме 21 општ лекар кој ќе продолжат на специјализација со што го градиме професионалниот кадар, рече директорот на прилепската болница Јоноски.
Comments are closed for this post.