Академикот и професор Владо Камбовски смета дека прифаќањето за новото сложено име со географска одредница не значи оспорување на македонскиот национален идентитет затоа што идентитетот не го оредува името на државата, туку обратно националниот идентитет наметнува име на државата.
Најдобар доказ за таквото гледиште е самата историја на македонската нација која што е постара од македонската држава и која опстојувала и се зацврстила пред создавањето на Асномска Република Македонија и низ временските периоди кога името на државата не изразувала никаква внатрешна идентитетска промена со различните додавки, Демократска, Народна, Социјалистичка – објаснува професорот Камбовски.
Comments are closed for this post.