Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.
Двата лидера на средбата разговараа за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Јордан, а ги разгледаа и можностите за нивно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.
Comments are closed for this post.