Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски демантира дека тој се средтнал со синот на милијардерот Џорџ Сорос, Александер, како што објави порталот Република.
Во ексклузивна информација што ја објави Република стои дека премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски во Охрид имале тајна средба со Алекс Сорос, но од Кабинетот велат дека претседателот не бил на средбата, туку ќе се сретне со милијардерот утре или задутре во Париз, каде што ќе прсуствува на Париската мировна конференција.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Александар Сорос за време на престојот на претседателот во Париз 11-12 ноември, каде ќе учествува на Парискиот форум за мир, а ќе оствари и повеќе билатерални средби – информираат за „Република“ од неговиот Кабинет.
Од Владата засега нема реакција за средбата на Заев со синот на милјардерот Сорос.
Comments are closed for this post.