За денеска претпладне е закажан телефонски разговор меѓу германскиот и македонскиот претседател претседател Франк-Валтер Штајнмајер и Стево Пендаровски, дознава ДВ.
Во фокусот на разговорите ќе биде спорот со соседна Бугарија. Германија деновиве вложува огромни дипломатски напори за надминување на конфликтот кој се заканува да го сопре почетокот на пристапните преговори на Скопје со ЕУ.
Се очекува тој да го повтори ставот, кој веќе во повеќе наврати го нагласија и од германското МНР- дека билатералните спорови не треба да бидат дел од евроинтеграцискиот процес на С. Македонија и на државите од Западниот Балкан.
Comments are closed for this post.