Власта веќе два дена се фали дека потпишала догововор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик. Обичните граѓани со право се прашуваат што е тоа ФРОНТЕКС и посебно каков е тој чист македонски јазик? Зар постои валкан македонски јазик за овој да се нарекува чист?

„Пресинг ТВ“ накратко ќе ги објасни овие две работи.

ФРОНТЕКС или Агенција на ЕУ за гранична и крајбрежна заштита е служба на Унијата подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки.

Но, ФРОНТЕКС слично како т.н полиција на ЕУ ЕУРОПОЛ нема речиси никакви овластувања и нивната улога повеќе е набљудувачка.

Во тоа бевме сведоци и за време на мигрантската криза во 2015 година. Бегалци од Сирија, Ирак, Авганситан слободно влегуваа во Македонија во близина на Гевгелија. ФРОНТЕКС кој беше распореден долж границата тоа го гледаше и замижуваше.Тогашната власт реагираше кај грчките власти дека мигрантите влегуваат од територија на земја-членка на ЕУ. Но, илегалните влегувања продолжија и затоа беше поставена жичена ограда за да може нашата војска и полиција да го контролира влезот на бегалците.

Пред неколку недели се случи голем скандал со ФРОНТЕКС кога беше откриено дека ги ги протерувале илегалните мигранти во Tурција.Во извештајот се наведува дека ФРОНТЕКС прикривале кршење на „фундаменталните права“ на луѓето и не успеале да ги истражат инцидентите.

Насилното враќање на луѓето преку меѓународна граница без да сепроценат нивните права да аплицираат за азил или други форми на заштита ги прекршува и меѓународното и правото на ЕУ.

За терминот „чист македонски јазик“

Договорите со ЕУ и досега беа потпишувани на македонски јазик. Единствената разлика е што во клаузулата за јазикот стоеше формулацијата „службените јазици на страните„ а сега тие се наведени со име.