Според информациите на Пресинг ТВ попладнево се очекува да биде доставен предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Анкетна комисија за реферндумот.

Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, па се до бруталното полнење – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алфа пред два дена.