Премиерот Зоран Заев вчера вечер заедно со својата сопруга, Зорица Заева присуствуваше на Виенскиот бал, што традиционално секоја година се одржува во Скопје.
Заев обраќајќи се пред присутните истакна дека поканата од амбасадорката Ренате Коблер да присуствува на балот ја прифатил без двоумење поради тоа што тоа, како што рекол, е показател на воспоставеното, искрено пријателство помеѓу Република Австрија и Република Северна Македонија, но пред се поради хуманитарниот карактер на манифестацијата.
„Особено ме радува фактот што со дел од средствата собрани вечерва ќе биде обезбедена адаптирана спортска опрема за возење велосипед, која потоа ќе му биде доделена на Здружението на лица со параплегија и квадриплегија, „Без ограничувања”. Знам дека и лицата со попреченост можат да спортуваат. Јас лично познавам такви луѓе. Разликата е што ним им треба само поголема поддршка“, рече премиерот Заев.
Тој се заблагодари на сите присустни на Виенскиот бал бидејќи, како што рече, нивното присуство ќе придонесе кон подобри можности за овие наши сограѓани”.
Comments are closed for this post.