Премиерот Заев не ги слушнал споредбите со Јосип Броз Тито кој ги искажа директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Тој во телевизиската емисија рече дека како што неговите родители сметале дека Тито направил најмногу во нивниот живот, ќе дојде време кога и тој на децата ќе им говори дека живееле во времето кога Заев го решил спорот со Грција.

Не сум слушнал.Ве молам, тоа мене да ме прашувате. Јас сум Зоран Заев од струмичко село Муртино.Јас едноставен човек-рече денеска премиерот.