Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град.

-Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!, напиша на неговиот фејсбук профил градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во рамки на обиколката двајцата го посетиле и местото на кое некогаш беше Луна паркот, за кој, како што додава Ѓорѓиевски, наскоро ќе почне постапка за реализација.

-Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација. Најдоброто, доаѓа!, стои во објавата на Ѓорѓиевски.