Премиерот Зоран Заев вечерва ќе ги посети повредените од страшната сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај скопското село Ласкарци, а во која животот го загубија 13 лица, а повеќемина се повредени.
Седум патници животот го загубиле на лице место, а шест им подлегнале на повредите откако биле пренесени во болница. Четворица се борат за живот. Меѓу повредените патници има и бремена жена.
Comments are closed for this post.