Шеснаесет годишна девојка е тешко повредена, откако ја удрил автомобил на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Како што информира полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера на пладне, кога ввтомобил „фиат браво“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишен жител на Прилеп, удрил во 16-годишното девојче од гевгелиското село Миравци.

По сообраќајката девојката со возило на Итна медицинска помош било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а лекарите констатирале тешки повреди.

Полицијата изврши увид и ги утврдува причините за сообраќајката.