Предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите денеска влегува во комисијата за Европски прашања во прво читање, со европско знаменце.
Иако договор за пописот меѓу власта и опозицијата нема, владејачкото мнозинсто се одлучи а ја почне процедурата за попишување на населението.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека ваков како што е законот нема да го гласаат и оти тие бараат да се попишува само резидентното население но не и тие што живеат во странство подолго од една година.
ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да биде на почетокот на декадата, односно 2021 година кога практично Еуростат и Европската унија во сите европски земји ќе се прави пописот.
Comments are closed for this post.