Зекирија Ибраими, пратеникот кој на 27 април 2017 година среде Собрание ја пееше химната на Албанија е повикан за сведок од страна на обвинетите, дознава „Република“
Тој на седницата излезе на говорница и ја пееше албананската химна како одговор на пратеникот Крсто Мускоски кој претходно ја пееше македонската химна.
Ибраими треба да го потврди она што вчера во своја одбрана го кажа и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. Тој со докази и снимки го побиваше обвинението дека веднаш по процедуралното обраќање на Мукоски веднаш му дал дал збор на Ибраими.
Дека тоа не точно се виде и од снимките од Собранието и оти после Мукоски зборувале пратениците Антонио Милошоски и Владимир Ѓорчев а дури потоа процедурално Ибраими.
Очигледно е дека Вељаноски морал да му даде збор на Ибраими и оти поранешниот спикер во никој случај не може да знае оти тој ќе почне да ја пее химната на Албанија.
Пеењето на химната на Албанија на пратеникот на Беса која сега е коалициски партнер на Заев дополнително ги испровоцира граѓаните кои беа Собранието.
Ибраими ќе биде повикан за сведок во некои од следните рочишта, додека на 4 септември ќе сведочат поголем број од тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.