Пратенички бенефиции и по истекот на мандатот. Откако ќе ја напуштат пратеничката фотелја да ги чека работа во јавна администрација.

Работната група за реформи неофицијално веќе работи на подготвување на вакво законско решение, иако се тврдеше дека ова тело ќе ги подготвува само законите неопходни за преговори со ЕУ.

Зад иницијативата стојат осумтемина исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а истата била поддржана и од СДСМ и ДУИ.

Од телото за реформи потврдуваат дека има иницијатива, но детали не откриваат.

Има предлог од пратеници додека не се хармонизира со владата не можам ништо да ви дадам. Знаете дека нема да се даваат повеќе пари на тие што седат дома,  изјави Реџаил Исмаили, претседател на тело за реформи.