Пратениците денеска ќе им поставуваат прашања на премиерот Зоран Заев и министрите од Владата.
Собраниската седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.
Според Деловникот, прашања на премиерот и министрите први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство.
Пред две години Група граѓански организации изготвија „Предлогот за итни демократски реформи“, подготвен од група граѓански организации со кој се бара двапати месечно да се поставуваат пратенички прашања и да се продолжи времето за поставување на прашање.
Ова може да се постигне со промена на член 39 став 1 од Деловникот на Собранието.
Собранието има надзорната функција што подразбира контрола врз работата на Владата во целост, односно барање на отчетност од работата на сите владини министерства.
Comments are closed for this post.