Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вторник е повикана на распит за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Во ОЈО денеска беше одложено сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО за случајот „Рекет“ за утре поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.
Рустеми за МИА потврди дека исказ за „Рекет“ ќе даде утре во 12:30 часот.
Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја
Comments are closed for this post.