Пожарот на Водно избувнал во сандаци со пчели, блиску до една шупа, соопштуваат од Противпожарната бригада.

Пожарот е ставен под контрола.

Локализирани се 80 проценти од огнот. Има зафатено дел од мала просторија, неколку сандаци со пчели и зеленило“, велат оттаму.

Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари, по што е испратено уште едно возило. Се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило”, од каде се надлежни за шумата.

По целосно расчистување на пожарот ќе се објават информации за причината и што е зафатено со него.