Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија се во стабилна состојба. Тие се вон животна опасност, изјавија утрово лекари од болницата „Пирогов“.
-Вчера се извршени неопходните оперативни интервенции. Денеска претстојат уште две операции. На едно од повредените лица ќе му бидат извршени дополителни медицинско-дијагностички процедури за да се добие подобра слика за идните терапевтски процедури спрема него, изјавија лекарите.
Еден од пациентите е со изгореници на рацете и неопходна е операција, а ќе се оперира и девојка со рана на колената.
Друг пациент е во тежол психички шок и со него работат психолози.
Comments are closed for this post.