На денешното рочиште за 27 април сведочеше и вештакот Владимир Котевски, ангажиран од одбраната. Тој објасни дека разгледувал обемен материјал, хардиск и листинзи од мобилните телефони на обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, пред и на самиот ден 27 април 2017 година. Во нив имало, смс-пораки, разговори и ммс-пораки.
Тој вештачел 168 разговори на Спиро Ристовски, но нема доказ дека на споменатиот датум имал комуникација со Миле Јанакиески.
-Конкретно бројот 075 378… кој му припаѓал на Спиро Ристовски немал комуникација со двата броја 070 208…. и 075 401…кои ги користел Миле Јанакиески, појасни вештакот.
Comments are closed for this post.