Вработените во „Македонска Пошта“ се жалат за лошите услови за работа, намалените и нередовните плати кои се под просекот, но и за малтретирањето на кои се изложени ако се пожалат кај одговорните.
Тие немајќи каде формирале Фејсбук група во која си кажувале маките но надлежните реагирале и им се заканувале за еден „лајк“ или коментар кои ќе го остават вработените на социјалните мрежи.Имало и казни префрлање 30 километри на работа од местото на живеење.
Тие коментираат дека некогаш било гордост да кажеш дека си вработен во ” Македонска Пошта “, но сега не е така.
Претпријатието има превработеност, околу 2100 се ангажирани во моментов, но недостасуваат тие што се најпотребни а тоа се поштари. Но затоа „Пошта“ е преполна со „џаболебари“ директори, соработници,управници,раководители, “шефчиња“,контролори, референти, инспектори-вкупно 530 , колку што има поштораснесувачи како што ги нарекуваат поштарите кои се и најпотребни.
Соња Дојчиновска Јанакиевска е една од вработените во „Пошта“ која трпела најмногу тортури од надлежните. Таа вело дека трпат класичен мобинг и биле принудени да формираат Иницијативен одбор за спас на Пошта” што иницираше Петиција за собирање потписи за недоверба во актуелните Синдикални водачи .
Тој ” Иницијативниот одбор за спас на Пошта” пристапил кон создавање нова “Синдикална Организација на Поштенски Работници која ималал за цел да се чуе гласот на работникот.
Можеби круцијално за донесување на оваа одлука било незадоволството на членството на еден од двата репрезентативни Синдикати кога се разбрало дека со години лажно се претставуваат како КСС држејќи го во заблуда членството и при тоа правејќи за себе голема материјална придобивка со 6-7 годишното не плаќање членарина кон матичниот Синдикат.
Капак на се било отварањето на оглас за нови вработувања на 31 административец кои воопшто не биле потребни.
Се надевам дека успеав да пренесам барем дел од сивилото што ни е опкружување ,сепак надежта последна умира – вели Соња Дојчиновска Јанакиевска за случувањата во „Пошта“.
Comments are closed for this post.