Меѓу повредените лица од вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак е и портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими, која се здобила со фрактура на рамото и се наоѓа во добра состојба.
Премерот, Зоран Заев, по денешната посета на повредените, рече дека поголемиот број од повредените се помлади.
Ги видов сите повредени кои се надвор од животна опасност. Се работи за млади луѓе. Зборував со момче кое има 19 години и со едно девојче. Зборував и со портпаролката на ЕВН, ве поздрави вас колегите – рече Заев.
Од Градската општа болница „8 Септември“ испартија апел до роднините на повредените да бидат без грижи и дека нивните најмили се во сигурни раце. Од таму додаваат дека имало потешкотии при идентификација на смртните случаи.
Comments are closed for this post.