На патниот правец Маврово – Дебар од 17:20 часот, поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
Исто така на патниот правец Гостивар – Кичево (и обратно) преку планинскиот премин Стража од 17:35 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
Како што информираат од АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На некои повисоки места во северозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Во североисточните и југоисточните делови од
државата коловозите се наместа влажни..
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.
Comments are closed for this post.