Делумна забрана за движење во шумите во националните паркови Јасен, Маврово и Галичица, воведе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Забраната е по барање на националните паркови и ќе трае се до нејзино отповикување.
Забраната нема да важи за вработените во претпријатијата како и за лицата кои со дозвола вршат активности во границите на овие заштитени подрачја, вклучително и лицата кои во организирани тури се на туристичко разгледување, но со претходно добиени одобренија од парковите.
За непочитување на оваа забрана лицата кои ќе бидат затекнати да се движат во шума согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.
МЗШВ известува и дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, во спротивно казните се од 1500 до 3000 евра.
Comments are closed for this post.