Сите жители на општина Карпош, на возраст над 13 години, ќе имаат можност да користат попусти во повеќе од 250 фирми и компании кои работат на територијата на општината.
Со новата картичка, „Моја Карпош – моја картичка“, карпошани ќе можат по снижени цени да ги користат услугите во голем број ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси …
Граѓаните имаат две можности за да ја добијат картичката, директно да аплицираат во општината или онлајн, преку веб платформата www.www.mojkarpos.mk.
Како што објаснија од општината, идејата за овој проект е настојувањето на локалната власт да биде „медијатор“ меѓу бизнисот и граѓаните и преку паролата „Добро за бизнисот, повеќе за граѓаните“ да се обиде да ги спои нивните интереси и со тоа да го поттикне развојот на локалниот бизнис, а на граѓаните да им обезбеди полесен пристап и поевтини услуги од локалните компании.
При реализацијата на проектот се искористени искуствата во користење на бенефицирани картички од повеќе градови и општини во Светот, како Амстердам во Холандија или Нов Белград во Србија.
Comments are closed for this post.