Најновите рестриктивни мерки за борба против Ковид-19, особено таа со која се предвидува полицијата да може да влегува во домовите на граѓаните за да ги растури групните сопбирања на повеќе од осум лица, предизвикаа бура од реакции во јавноста.
Но, тоа што предизвикува најмногу внимание е фактот дека според Уставот на Македонија на домот му се гарантира неповредливоста, што е предвидено во членот 26.
Во него стои:
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
Тоа значи дека Уставот им гарантира на граѓаните дека полицијата не смее да им влегува дома без дозвола доколку нема судска одлука, затоа што Членот 26 од Уставот е посилен од обвинителската одлука.
Comments are closed for this post.