Глисерот што полицијата го заплени во Охрид, кој треба да биде доказ во случајот „Рекет“, е огласен за продажба и не е во сопственост на Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, тврди „А1он“.
Како вистински сопственик се јавува охриѓанецот Марјан Грунчев, кој вели дека станува збор за грешка и бара да му се врати глисерот.
„Глисерот е мој, станува збор за некоја грешка дека е на Зоки Кичеец, пријавив во МВР, поднесов документи и мојот адвокат си ја брка работата. Не знам како може да дојде до ваква грешка, и јас се чудам“, вели Грунчев за „А1он“.
Тој вели дека Кичеец неколкупати се возел со глисерот и оти веројатно затоа дошло до забуна оти тој го поседува
Comments are closed for this post.