Новите крајпатни табли со Република Северна Македонија што беа поставени на граничните премини во средата, полиција ги чува 24 часа на ден. А полицајци позорникари чуваат стража и ноќе, поради опасност да бидат симнати, ишкртани или украдени за старо железо, објавува СДК.мк.

Официјално, на граничните премини секако има постојана патрола од позорникари кои не се таму само за таблите со новото име на државата, туку и зашто на меѓуграничниот простор мора да се внимава, бидејќи таму не смеат слободно да се движат луѓе.

Неофицијално, полицајците се со задача да стојат покрај новопоставените табли, со оглед на тоа дека се заканува опасност противниците на новото име на државата да им го сторат на таблите со Северна истото што им го сторија на тие со автопатот „Пријателство“.