Кога во март 2017 година претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја претставуваше програмата на идната влада предводена од СДСМ, категорично тврдеше двојазични банкноти и двојазични униформи нема да има. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на Армијата е противуставно.
Претходно, лидерот на СДСМ рече дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.
За потсетување, денеска министерот за внатрешни работи,Агим Нухиу на „Фејсбук“ објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.
Comments are closed for this post.