Последни подготовки за пречек на ракометарите на Вардар  се прават на  скопскиот плоштад, каде се очекува присуство на огромен број  граѓани.

Ракометарите  треба да слетаат на скопскиот аеродром во 18.50 часот и потоа да се упатат кон плоштадот Македонија.

ЈСП веќе најави дека организира бесплатен јавен превоз на сите кои сакаат да ги пречекаат ракометарите на Вардар  на скопскиот аеродром.