Работник почина во Битола, откако падна од скеле на бетонска подлога на Градскиот стадион во Битола.
Во СВР Битола вчера претпладне било пројавено дека при изведување градежни работи на објект во изградба, Д.Д.(58) од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.
Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а во 19:30 часот починал.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.