На 81 година утрово почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

Како политичар, бил претседателски кандидат  во 1994 година, амбасадор во Бугарија 2000-2004, потоа и амбасадор во Белград, и претседател на Собранието на Република Македонија 2006-2008.

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград 1974. Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД. Објавилдесетина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Познат како интелектуалец-ерудит, има напишано преку двесте авторски колумни во весникот „Дневник“.