По долго боледување на 77 годишна возраст почина истакнатиот македонски поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и преведувач Ристо Јачев, објави неговото семејство.
Роден е во с. Долно Родево, Воденско, Егејска Македонија. Дипломирал книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Јачев најнапред едно време работи како артист и средношколски наставник, а потоа преминува во тогашно Радио Скопје ( денес Македонско Радио) каде што работи како новинар и уредник до крајот на својот работен век.
Ристо Јачев е автор на повеќе поетски книги меѓу кои : „Кавал и магија“, „Смртта на ангелот“, „Подземни сенки“, „Вечерни ветрови“(повест), „Димна гора“, „Маслинови гори“, „Болна градина“, „Секнати извори“, „Ехо на квечерината“, „Камена перница“, „Заточеникот на мракот“, трилогијата „Патот на ангелите“, романот „Јаков“, „Моите соништа“ (драми) и уште многу други.
Неговата поезија е претставена во низа антологиски избори од современата македонска литература. Преведуван е на повеќе светски јазици.
За своето богато и разнолико творештво добитник е на повеќе домашни и меѓународни признанија меѓу кои наградите „Браќа Миладиновци“, „Стале Попов”, „Григор Прличев, „Ацо Шопов“ и „Кочо Рацин“.
Погребот на Ристо Јачев ќе биде извршен утре во 13 часот на гробиштата кај црквата Св. Спас во Велес.
Comments are closed for this post.