Под мотото „Зелени вредности – наша трајна визија“, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска го одржа четвртиот партиски конгрес, на кој за претседател беше избрана Маја Морачанин. Таа всушност беше и единствениот кандидат.
ДОМ денеска е стабилна партија и поради тоа мирна ми е душата, порача пред одржувањето на конгресот Лилјана Поповска.
Таа истакна дека трите мандидати во кои беше претседателка на ДОМ биле сосема доволни за партијата да стане стабилна.
Ни претстои помирување и обединување на патот кон ЕУ, истакна Поповска.
Додаде дека бројот на пратеници од ДОМ во парламентот е дуплиран, односно од еден, сега се двајца пратеници.
Comments are closed for this post.