По доста студеното утро, денеска Македонија ја очекува сончев и, за ова доба од годината, прилично топло време.
Утринава температурите низ земјава паднаа и до минус пет целзиусови степени, но затоа, пак, максималните температури ќе се движат од 13 до 21 целзиусов степен. Дува источен ветер, а во одредени котлини имаше појава на магла,
Во Скопје не очекува сончево време, а температурата од утринските минус еден ќе се искачи до 17 целзиусови степени.
Од утре (среда) ќе дува умерен и повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.
Comments are closed for this post.