Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по празникот Илинден заминуваат на одмор.
Мицкоски во петок, ќе присуствува на традиционалната прослава на Илинден во струшкото село Ташмаруништа, по што со семејството заминува на еднонеделен одмор во Хрватска, објавува Независен весник.
По празникот премиерот Зоран Заев ќе оди во Охрид и во Грција, додека вицепремиерката Радмила Шекеринска заминува на Скандинавија. Во истиот период ќе одмараат и голем дел од министрите.
Comments are closed for this post.