Докторката Поликсена Стојановска–Ѓоргиевска или како што ресенчани ја викаа доктор Поли, починала на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, поради компликации предизвикани од коронавирусот, откако претходно била хоспитализирана и во битолскиот ковид центар.
Веста за смртта на докторката ја објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата Фејсбук страна.
Колегите од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка.
Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што сѐ тој човек значи за нас, стои на Фејсбук страната на Здравствениот дом во Ресен.
Сочувство за фамилијата, уште една голема загуба!
Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Sunday, November 29, 2020
По кусо боледување, како последица и компликации од подмолниот Ковид – 19 на 60 годишна возраст викендов почина познатиот доктор, хуманист,уметник и поет Драган Спасески – Охридски.
Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург, вработен во Костнозглобната болница во Охрид.
Ние, охриѓани ќе го паметиме како исклучително вреден, коректен и уметнички надарен со безброј таленти.
Галеријата „Резонанса“ беше дел од неговиот семеен дом. Во неа најчесто ги изложува своите дела а со поезија и сликарство освен во Охрид и Македонија се претставил во САД, Германија, Србија, Црна Гора. Паралелно со книгите и сликарството создаваше мултимедијални проекти, а работеше и дизајн.
Тој е автор на стихозбирките:„Апокалиптичен нарцис“ (поезија, 1989), „Сè трепери“ (поезија, 1996),Три точки – хаику ( 2008 ) „Погледни во себе“ ( 2004)
Во 2012 година Спасески објави пет книги поезија со по 100 песни, по повод 50-годишнината од раѓањето.
Сите проекти беа мултимедијални. Се промовираа книги поезија со насловите на проектите и истовремно ликовни дела, некогаш масла на платна или компјутерска графика од циклусот „Охридските ангели“.
Во 2015 година излезе луксузна монографија „Охридска Мадона“ која содржи избор од уникатни сликарски дела и поезија создавани во текот на неговиот богат 25-годишен творечки живот.
Лани во рамките на „Охридско лето“ во дворот на црквата „Св. Софија“ во Охрид со мултимедијалниот проект „Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“заедно со пресекот од неговите најзначајни ликовни и поетски дела Драган Спасески – Охридски одбележа три децении од своето уметничко творештво.
Д-р Драган Спасески – Охридски беѓе посветен сопруг на Тања и татко на Лео.
Comments are closed for this post.