Градоначалнику на општина Центар, срам да ви е! Сте дале дозвола за градење зграда во зелено паркче со димензии 30 х 35 метри, ќе сечете млади дрва и ќе направите карам каша од животите на граѓаните во околните згради, вели Ирена Кацарски Кимова, жителка на Центар, за новата зграда од пет спрата која ќе се гради во паркчето кај хотел „Јадран“, на само неколку метри од плоштад Македонија.

Ни безбедносни правила, ни зеленило и животна средина, ни соседски права, ништо не ве интересира! САМО СИЛЕЏИСТВО, ГРАБАЊЕ И ДА СЕ ЗАРАБОТИ НЕШТО, А НАЈСЛАТКО Е КОГА Е НА ГРБОТ НА НЕКОЈ ШТО НЕ НИ ЗНАЕ ШТО ЌЕ ГО СНАЈДЕ. Милион работи не се во ред во ситуацијава, толку се многу што нема ни да почнам да ги редам.
Имаме неколку дена да собереме потписи и да се жалиме, што ќе излезе не знам. Ги прикачувам известувањето што беше доставено до најзагрозената зграда, петиција за собирање потписи за жалба и слика од паркчето.
ЌЕ МУ ДОЈДЕ ЛИ НЕКОГАШ КРАЈ НА СИЛЕЏИСТВОВО? САМО ТОА ЛИ ЗНАЕМЕ?, прашува таа.