По вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со новите сознанија за скандалот со Онкологија денеска продолжува собраниската комисија за овој случај.

Опозицијата бара да се прошири анкетната комисија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО.

Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните.

Мицкоски синоќа истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните.

 

– Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта