Веднаш по литургијата на папата Франциск, скопскиот плоштад „Македонија“ беше домаќин и на перформанс на млади од целиот свет. Младите католички верници од Хрватска, Шпанија, Костарика, Словачка, Србија на свој начин го прославија обраќањето на папата и неговите молитви за мир во светот.

И гостите, но и домаќините уживаа во настанот. Илјадниците километри не беа пречка да се стигне во Скопје, во Македонија, кој беше центар на светското внимание.