ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката со која на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски му е укинат домашниот притвор.
Од партијата истакнуваат дека правдата со СДСМ на власт е мисловна именка, доказ за тоа е и ослободувањето на Драги Рашковски.
-Пиунот Ковачевски го ослободи миленикот на Зоран Заев. Рашковски се смее на правдата во лице, наместо во затвор му се укина и куќниот притвор. Останаа недоговорени прашања по која линија Александар Пиперевалиев му е братучед и како од Дрисла се исплатени 850.000 евра за багери!? Рашковски е човек кој што го негираше и софтверот што го продаде на МВР, а којшто не е одговара на системот на камери, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Рашковски го негираше и „Леонардо“, па излезе аудио-снимка којашто ја потврди. Скандалот ШИК Јелак како и другите останаа нерасчистени.
Советот на Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови на советот, ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор.
Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.
Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција.
-Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои во одлуката на Апелациониот суд Скопје.
Исто така, во образложението на одлуката се вели дека Мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба од тоа, а најдолго до правосилноста на пресудата, а судот по службена должност на секои два месеци преиспитува дали има потреба за траење на мерката на претпазливост.
Comments are closed for this post.