Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната седница на Собранието на Република Македонија за францускиот предлог, својот говор го започна со цитат од великанот Гоце Делчев и рече дека не познава друг народ кој повеќе страдал од своите домашни предавници, од македонскиот, мислејќи на политичката партија СДСМ.


Рече со неизгласаниот премиер потекнуваат од ист град, шетале по исти улици и му се обрати директно, читајќи му закони од КЗ кои го дефинираат неговото предавство.
– Како Кумановец, сум горд на еден голем празник во Република Македонија, тоа е денот на востанието на Македонија, или попознат кај народот како денот кога пукнала првата пушка во Куманово и Прилеп. Востанието е против фашизмот, италијанскиот и бугарскиот фашистички окупатор. На тој ден започнува борбата за ослободување на македонскиот народ, тој е важен меѓник на борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба Македонија не станала квимнслишка територија како што тоа вие сега се обидувате да го направите, туку напротив, дава свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна со што како Македонци сме особено горди.Во кумановско, на 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода, се надевам не сте заборавиле каде е премиере, формиран е кумановскиот козјачки партизански одред, а во областа Менкова колиба се формирал карадачкиот партизански одред. При првите судири против бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени и ова се хероите кои цела Македонија ги слават и се поклонуваат на спомен костурницата за која исто така, се надевам не сте заборавиле, премиере бидејќи колку негрижа покажавте, тие сите споменици се оставени на забот на времето. – рече Петрушевски.

Петрушевски продолжи да го потсетува премирот на кумановските херои кои ги положиле совите животи за слободата на Македонија за да можат денес, СДСМ и ДУИ да седат во фотелјите и удобно да живеат, а денес ги понижуваат и уринираат врз нивните коски.

– Вашите потомци ќе се срамат од вас и ќе ги менуваат презимињата за да немаат ништо заедничко со вас предавници на сопствениот народ. Почитувани граѓани кои што сте на протестите 11 дена за слобода на Македонија, браќа, напред против тираните и поробителите! Удрете на поробителите, стрелајте на кучињата – ќе рече Гоце Делчев.
Се срамам што делам иста просторија со вас, а во чест на вашите сограѓани од Ваташа, дванаесетмината деца што се убиени – да ви плукнам и во договорот и во сѐ!